Лога: Одговорност и максимални казни за сторителите


Министерот за правда Кренар Лога вечерва на својата Фејсбук страница изрази сочувство до семејствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, чии тела беа пронајдени синоќа откако беа пријавени за исчезнати.


-Искрено и најдлабоко сочуство до семејствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова е една од најголемите трагедии во нашата држава затоа што безмилосно се одземени два живота.


Одговорност и максимални казни за сторителите, напиша Лога на Фејсбук.

По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В. Ѓ.


, која беше пријавена за исчезната на 27. 11. 2023, а во околината на Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес е пронајдено и телото на П. Ж. (74) од Велес, кој на 24. 11.

2023 беше пријавен за исчезнат, информираат вечерва од МВР. нд/ац/ .


Извор: МИА