Breaking News

Ленче Ристоска именувана за јавен обвинител за врски со Европравда


Министерот за правда Кренар Лога на предлог на Јавното обвинителство на РСМ ја именуваше Ленче Ристоска  за јавен обвинител за врски со Европравда.


– Лога и посака успешна работа на Ристоска со желба да се продолжи континуитетот на  досегашната соработка со Европравда, соопшти Министерството за правда.


Огласот од страна на Јавното обвинителство беше отворен од декември 2022 година согласно член 112 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја.

Соработката со Европравда е од исклучително значење за Република Северна Македонија од аспект на борбата со прекуграничен криминал и борбата против тероризмот, соопшти Министерството за правда.


са/цр/Фото: Министерство за правда .

Извор: МИА