Breaking News

Курти за критиките од О’Брајан: Косово нема друг сојузник и пријател како САД


– Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека односите на Косово со Соединетите Американски Држави не се загрозени, и покрај изјавата на американскиот помошник државен секретар Џејмс О’Брајан, кој остро ја критикуваше неговата влада за одлуката за забрана на српскиот динар во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.


Во своето обраќање пред новинарите денеска во Призрен, Курти истакна дека Косово е благодарно на САД за сиот придонес што го дале и продолжуваат да го даваат во овие 25 години од, како што рече, ослободувањето на земјата.


Денешната изјава на Курти беше одговор на новинарско прашање за изјавата на американскиот помошник државен секретар, О’Брајан, кој во однос на Регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК) за забрана на динарот рече дека со ваквото однесување Владата на Косово го доведе во прашање партнерството со САД.

– Република Косово нема сојузнички партнер или пријател како САД, јас за такви ги сметам и соработувам со нив како премиер на Косово.


Централната банка на Косово претстави план од 10 точки за спроведување на нејзината регулатива.

Ние сме демократска република и Владата не се поставува над независни институции како што е ЦБК, рече косовскиот премиер.


Тој потенцира дека меѓу овие 10 точки како работен план за спроведување на регулативата, ЦБК нема предвидено никакви казнени мерки. – Значи без казни и без инциденти сакаме да одиме напред.

Уставноста и законитоста се наш приоритет, но во исто време се грижиме и за мирот и безбедноста, се грижиме и за благосостојбата на српските граѓани.


Јас сум премиер кој не сака граѓаните да имаат помалку, туку да имаат повеќе пари, рече Курти.

Тој нагласи дека динарот не е забранет во Косово и дека се работи само за динарот како платежно средство, а не за динарот што можат да го поседуваат граѓаните.

– Не сакаме да казнуваме никого, со какви било средства, туку да ја направиме оваа транзиција така што секоја трансакција да биде легализирана и формализирана, рече Курти.

Тој изрази уверување дека српските граѓани во Косово не ја гледаат одлуката на ЦБК како проблем, туку официјален Белград е тој што континуирано ги предизвикува проблемите.

– Не верувам дека српските граѓани го гледаат ова како проблем, но официјален Белград, кој не ја прифаќа нашата независност или злосторствата извршени пред 25 години, е тој што ги носи овие предапокалиптични аларми.

Што се однесува до ЦБК, како за нашата демократска државотвроност, така и за нашиот финансиски систем, ние сме благодарни на САД за нивниот придонес во овие 25 години слободно Косово, заклучи Курти.

Американскиот помошник државен секретар, О’Брајан вчера во интервју за Гласот на Америка рече дека САД се многу загрижени од одлуката на Централната банка на Косово да не го дозволи користењето на динарот, повикувајќи ја Владата на Албин Курти истата да ја повлече.

Тој рече дека со оваа одлука Владата на Косово го доведе во прашање партнерството со САД. иа/ссм/ – Јас не упатувам млаки закани во јавноста.

Би рекол дека ако ние не бидеме третирани како партнер, и ние нема да ја третираме Владата на Косово како партнер, изјави О’Брајан. .

Извор: МИА