Breaking News

Ковачевски: Сите детали околу разговорите за техничката влада ќе се дознаат навремено – до 25 јануари


Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски денеска изјави дека средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе се случи идната години, пред или по празниците.


Потенцира дека сите детали околу разговорите за техничката владата ќе бидат навремено соопштени. -Средбата дефинитивно ќе биде идната година, ќе видиме, по или пред празниците.


Она што го видовме сите од медиумите е дека после 31 декември ВМРО-ДПМНЕ ќе заседава во однос на тоа кои ќе бидат нивните претставници во техничката влада.

Во однос на Владата ќе течат разговори на ниво на коалицијата, на ниво на учесниците во Владата и сите детали ќе се дознаат навремено, односно до 25 јануари, рече Ковачевски  на официјалното отворање на спортската сала „Наум Наумовски – Борче” во Општина Карпош.


Премиерот посочи дека СДСМ веќе во текот на оваа недела ги имаат завршено комплетно сите процедури.

Одговарајќи на новинарско прашање, Ковачевски истакна дека вицепремиерското место на Артан Груби не го смета „за толку многу заначјно за да биде толку експонирано“.


Вели дека „тој е само еден од вицепремиерите“. Премиерот кажа и дека вработувањето на 1.

117 лица во јавните здравствени институции не се дел од предизборни вработувања, туку како што рече, станува збор за лица кои веќе работат во тие институции.


-Не би кажал дека се предизборни вработувања, дури и не се предизборни вработувања, бидејќи се работи за 1. 117 лица кои веќе се ангажирани во јавното здравство.

Знаете дека министерот за здравство ова го зеде како своја обврска со оглед на тоа што навистина тие луѓе се потребни во здравството, дел од нив се доктори, дел се медицински сестри, а дел се помошен персонал и од нив зависи работењето на голем број институции.

Тие веќе се во системот, меѓутоа министерот и со право сакаше нивниот статус да биде решен бидејќи дел од нив го напуштат јавното здравство, а веќе се стекнуваат со знаење кое што е потребно и кое што не така лесно се надоместува.

На крајот излегоа конструктивни со министерот за финансиии, се обезбедија финансиски средтсва, бидејќи тие и така земаат веќе плата.

Се обезбедија финансиски средства за оваа година тие што можат да го засноваат на редовна база својот редовен работен однос, рече Ковачевски.

Премиерот најави дека во иднина ќе бидат довршени и другите трансформации во јавните здравствени установи.

-Не се работи за никакво предизборно вработување, бидејќи тие се луѓе кои веќе работат во тие институции и сите кои одиме во јавното здравство сме се сретбнале со нив и сме биле нивни пациенти и сме примале услуги од нив.

Не се работи за никакви нови вработени, рече Ковачевски.

На новинарско прашање околу објавени анкети за партиските рејтинзи во пресрет на изборите, тој нагласи дека резултатите од анкетите во изминатите изборни циклуси се потврдиле како погрешни и посочи дека на 8 мај победничка ќе биде коалицијата што ќе ја предводи СДСМ.

-Јас сум исклучително мотивиран човек и има многу анкети кои што покажуваат различни резултати. Јас сум човек кој се води од работа и кој се водел од остварување на цели.

Не седам во мојот партиски штаб заедно со моите колеги од раководството и да цртаме анкети на коишто водиме за да ни биде поубаво, туку напротив секој ден сме на терен со граѓаните и на терен со пуштање на нови објекти и на проекти.

Тоа граѓаните знаат да го препознаат и на крајот на 8 мај победничка ќе биде коалицијата која што ќе ја предводи СДСМ, бидејќи од тие извори на анкети имаше опозицијата и на претходните избори и на вонредните локални избори во државата и се потврдија како тотално погрешни, така што и овие ќе бидат такви, рече премиерот Ковачевски.

фф/са/ Фото: МИА Архива .

Извор: МИА