Breaking News

Конвенција за промоција на Арсовска за нов претседател на Нова алтернатива


 Конвенција за промоција на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за нов претседател на политичката партија Нова алтернатива е најавена за вечерва во Скопје.


 -Имаме чест да ве поканиме на конвенција за промоција на новиот претседател на политичката партија Нова Алтернатива Данела Арсовска. Конвенцијата ќе се одржи утре 17. 01.


2024 (среда) во 18 часот, во Кристална сала, хотел „Континентал“, стои во поканата за конвенцијата од партијата.

Конвенцијата, според најавата, ќе се одржи во хотелот „Континентал“ со почеток во 18 часот.


 Арсовска во телевизиско интервју на 5 јануари информираше дека се подготвува да формира политичка партија, но не одговори директно дали може да се очекува учество на оваа партија на претстојните парламентарни избори закажани за мај годинава.

лв/бак/Фото: МИА архива .


Извор: МИА