Конференција – Младите против насилство


Конференција на Платформата за граѓанско образование на млади за борба против радикализација – Младите против насилство ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Иницијатива за европска перспектива.


На конференцијата, како што е најавено, ќе се обратат националниот координатор на Национален комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам Златко Апостолоски, директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски, извршната директорка на граѓанската организација – Градење на заедницата Митровица од Косово Афердита Сила и програмскиот менаџер на граѓанската организација – Домовик од Косово Миљан Станишич.


Проектниот координатор, Кристина Сибиновска, како што е најавено, ќе ги презентира резултатите од тригодишниот проект со наслов „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство).

Посебен акцент на овој настан ќе се стави на значењето на оваа Платформа, која е прва и единствена од овој вид, здружувајќи ги граѓанските организации и јавниот сектор за заедничко делување во полето превенција и спречување на насилство кај младите.


Конференцијата се спроведува во рамки на проектот „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“ од страна на Иницијатива за европска перспектива – ИЕП како координатор, во партнерство со Нексус – Граѓански концепт од Скопје, Здружение за развој и активизам – Аква од Струга, Центар за интеркултурен дијалог – ЦИД од Куманово и Градење на заедницата Митровица од Косово, финансиран од Европската Унија, стои во соопштението.

ра/аа/Фото: Принтскрин .


Извор: МИА