Конференција „10 години НМСМ: Деценија на заедничко дејствување, застапување и промени за младите“


Конференцијата „10 години НМСМ: Деценија на заедничко дејствување, застапување и промени за младите“, ќе се одржи денеска во Скопје.


 На конференцијата, која се организира по повод 10-годишнината од постоењето на оваа невладина организација, најавено е обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски и на амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Метју Лосон.


Настанот ќе биде отворен со воведни обраќања на Филип Ивковски, в. д. претседател на НМСМ и Мариана Ангелова, генерален секретар на оваа невладина орханизација. ир/ев/ Фото: НМСМ .

Извор: МИА