Breaking News

Комисиска расправа за измените на Законот за поштенски услуги


Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија ќе одржи седница, на која на дневен ред по скратена постапка е Предлог законот за изменување на Законот за поштенските услуги, предложен од пратениците Атнан Незири и Абдула Салиу.


Како што стои во образложението на собраниската страна, со Предлог законот за изменување на Законот за поштенските услуги се врши одложување на рокот за либерализација на поштенските услуги.


-Целта на Предлог на законот за изменување на Законот за поштенските услуги е да се обезбеди период за усогласување на работењето на Македонски пошти на Република Северна Македонија согласно со потребите кои ќе произлезат од либерализацијата на поштенските услуги, се вели во образложението за Предлог-законот.

Со Предлог законот се дава рок, можност националниот оператор да има екслкузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до 31 декември2024 година.


Предлог на законот за изменување на Законот за поштенските услуги е на дневен ред и на Законодавно правната комисија. фф/са/Фото: МИА Архива  .

Извор: МИА