Breaking News

Казнети 160 возачи на мотоцикли


Казнети се 160 возачи во акциската контрола спроведена вчера на територија на цела држава за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.


Како што соопшти МВР, 112 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 31 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.


-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението од МВР.


мд/са/Фото: МИА архива .

Извор: МИА