Кабинет на Пендаровски: Претседателот е редовно информиран за продажбата на објектот на Мисијата на поранешна СФРЈ при ООН во Њујорк


Кабинетот на претседателот Стево Пандаровски во пишаната реакција на наводите изнесени од ВМРО-ДПМНЕ за заедничката продажба на објектот на Мисијата на поранешна СФРЈ при ООН во Њујорк, истакнува дека шефот на државата е редовно информиран од надлежното министерство за досегашниот тек на процесот.


– Oд вкупниот износ на средства, 4 милиони американски долари, дел кој ѝ припадна на Република Северна Македонија, 3. 4 милиони се префрлени, а останатиот дел од 0.


6 милиони се очекува да биде префрлен наскоро. Согласно договорот, кога ќе биде заокружена целата купопродажна трансакција, сите средства ќе бидат префрлени во нашиот државен буџет.

Претседателот Пендаровски очекува дека средствата од заедничката продажба на имотот кои ѝ припаднаа на Северна Македонија да бидат искористени согласно заклучоците на Владата за купување на простории за Постојаната мисија при ООН во Њујорк и за објект за амбасада во Софија, се наведува во реакцијата од Кабинетот на Претсдеателот на РСМ.


са/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА