Јужна Африка покрена постапка во судот во Хаг, обвинувајќи го Израел за геноцид


Јужна Африка денеска покрена постапка пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, обвинувајќи го Израел за геноцид врз Палестинците во Газа и барајќи од судот да и нареди на земјата да ги запре нападите на палестинска територија.


Како што е наведено во поднесокот до Меѓународниот суд на правдата, актите на Израел се од „геноциден карактер“, бидејќи се извршени со намера „да се уништат Палестинците во Газа како дел од пошироката палестинска национална, расна и етничка група“.


Дополнително, од судот во Хаг се бара да издаде привремена наредба до Израел веднаш да ги прекине воените операции во Газа.

Јужна Африка може да поднесе барање според Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид бидејќи и таа и Израел се потписници на конвенцијата.


Израел веднаш го отфрли поднесувањето на тужбата за непочитување, се вели во соопштението.

Се очекува рочиште во наредните денови или недели, а случајот, доколку биде покренат, ќе се одолговлекува со години.


Владата на Израел ги означи обвинувањата на Јужна Африка за геноцид како „крвна клевета“.

Во соопштението на МНР беше наведено дека случајот нема правна основа и претставува „подла експлоатација и непочитување на судот“. рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА