Breaking News

Израелските власти велат дека офанзивата на Рафа сè уште не е блиску


– Израелската офанзива на Рафа сè уште не е блиску, изјавија денеска израелски функционери, пренесува Си-Ен-Ен.


Армијата допрва треба да ги подготви силите потребни за офанзивата и не се завршени плановите за евакуација на цивилите од тој град во јужниот дел на Газа.


И додека силите може да се подготват на краток рок, евакуацијата на цивилите ќе трае најмалку две недели, рекле неименуваните официјални лица.

Израелската влада сè уште не ги потпишала плановите презентирани од страна на израелските одбранбени сили (ИДФ) за евакуација и офанзива, објаснија и воени и политички претставници.


Израелските власти предупредија дека офанзива на Рафа за време на светиот муслимански месец Рамазан не е исклучена. јт/Фото: МИА архива .

Извор: МИА