Breaking News

Иранскиот претседател Раиси и честиташе на Сирија за „извојуваната победа“


– Иранскиот претседател, Ебрахим Раиси, денеска за време на посетата на Дамаск, му честиташе на претседателот на Сирија, Башар ал Асад за „извојуваната победа“ и покрај заканите и санкциите.


-Владата и народот на Сирија надминаа големи тешкотии и денес можеме да кажеме дека ги надминаа проблемите и постигнаа победа и покрај заканите и санкциите што им беа наметнати, рече Раиси на првиот ден од неговата посета на Сирија, пренесе ИРНА.


 Раиси е во дводневна посета на Сирија, придружуван од „голема политичка и економска делегација“, објавија медиумите.

Тоа е прва посета на ирански претседател на Сирија од 2010 година и прва од почетокот на војната во Сирија во 2011 година.


Техеран му дава економска, политичка и воена поддршка на режимот на Башар ал Асад.

Посетата беше договорена во време на подобрување на односите во регионот, особено со обновувањето на дипломатските врски меѓу Саудиска Арабија и Иран. сд/ Извор: МИА.