Breaking News

Иран ќе возврати ако неговите бродови бидат запленети


Иран ќе возврати ако неговите бродови бидат запленети, изјави денеска правниот советник на иранскиот претседател за државните медиуми како одговор на соопштението на Министерството за правда на САД.


Американското Министерство за правда издаде соопштение овој месец во кое објави запленување на повеќе од 500.


000 барели иранско гориво за да се сузбие „мрежата за финансирање на Револуционерната гарда“.

„Ако биде запленет макар и еден ирански брод, ние ќе возвратиме и правниот пат не е затворен во овој поглед“, изјави правниот советник Мохамад Дехган, додавајќи дека не може да потврди дали американските власти заплениле некој ирански брод.


Судските наредби од иранскиот судски систем често беа основа за запленување странски танкери.

Од крајот на минатата година, глобалното транспортирање е нарушено во Црвеното Море, бидејќи Хутите во Јемен ги гаѓаа бродовите за поддршка на палестинската група Хамас во нејзиниот конфликт со Израел.


паг/Фото: МИА архива   .

Извор: МИА