Индија успешно тестираше балистичка ракета од домашно производство што може да носи повеќе боеви глави


– Индија успешно тестираше балистичка ракета од домашно производство способна да носи повеќе боеви глави, изјави денеска индискиот премиер Нарендра Моди.


Индија развива ракетни системи со среден и долг дострел од 1990-те, зајакнувајќи ја стратешката конкуренција со соседна Кина.


Во 2021 година, Индија успешно тестираше интерконтинентална балистичка ракета Агни-5, способна за нуклеарно оружје, со дострел од 5.

000 километри, за која се верува дека е способна да погоди речиси секоја цел во Кина.


Делхи има способност да нападне каде било и во соседен Пакистан, со кого Индија војуваше три пати од стекнувањето независност од Британија во 1947 година. јт/Фото: МИА архива .

Извор: МИА