Хамнеи: САД управуваат со израелските напади врз Појасот Газа


– Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги обвини САД дека управуваат со израелските напади врз Појасот Газа. – САД управуваат со злосторството што се врши во Газа.


Америка дефинитивно е соучесник на криминалците, наведе Хамнеи. Тој додаде дека рацете на Американците се „извалкани со крвта на угнетените, децата, пациентите, жените и други“.


– Нека знаат сите дека во ова прашање и во идните прашања, палестинската нација е победник, а идниот свет е светот на Палестина, а не светот на ционистичкиот режим, посочи Хамнеи.

По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и почетокот на конфликтот, САД во источниот Медитеран за поддршка распоредија два носачи на авиони и бродови.  ми/фото: МИА архива .


Извор: МИА