Гутереш повикува на итен прекин на огнот на Блискиот исток


Генералният секретар на ОН денеска повика на итен прекин на огнот на Блискиот исток.  „Повикувам на итен хуманитарен прекин на огнот на Блискиот Исток за да се олесни големото човечко страдање“.


„Премногу животи – и судбината на целиот регион – висат на конец“. Во порака на Х тој нагласи дека е „ужаснат“ од нападот врз болница во Газа во кој загинаа стотици луѓе.


Пред да полета за кинескиот главен град за да присуствува на форумот „Појас и пат“, Гутереш рече дека го повикал Хамас веднаш и безусловно да ги ослободи заложниците, а Израел да дозволи итен и неограничен пристап до хуманитарна помош до Газа.

Тој додаде дека нападот на Хамас врз Израел не може да го оправда колективното казнување на Палестинците.   „Јас сум целосно свесен за длабоките поплаки на палестинскиот народ по 56 години окупација. .


. . Но, колку и да се сериозни, тие не можат да ги оправдаат терористичките акти извршени од Хамас на 7 октомври.

И овие напади не можат да го оправдаат колективното казнување на Палестинците“, рече шефот на ОН. зш/ .


Извор: МИА