Breaking News

Градоначалникот Коњановски промовира нови проекти во СОУ „Таки Даскало“-Битола


Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски промовира нови инфраструктурни проекти во Средното општинско училиште „Таки Даскало“, реализирани со поддршка на локалната самоуправа.


За реализација на проектите инвестирани се пет милиони денари со што се обезбедени услови за поквалитетен наставно-образовен процес во училиштето, истакна Коњановски.


-Реконструиран е подот во сите училници и кабинети во двете училишни згради, извршено е комплетно обновување на паркетот за што се вложени 2,3 милиони денари.

Извршена е комплетна санација на внатрешните скали во Блок-Б во вкупна вредност од 496.


500 денари, во тек е реконструкција на училишниот двор со бекатон плочки, а на паркинг просторот ќе биде поставена електронска рампа.

Во училиштето, набавен е нов училишен мебел, училишни табли и столчиња во вредност од 300.


000 денари, а набавена е и нова компјутерска и друга ИКТ опрема за сите училници, телевизори и нагледни средства за сите струки и Гимназијата во вредност од 500.

000 денари, како и машини и друга опрема во вредност од 300. 000 денари, посочи Коњановски.


Во СОУ „Таки Даскало“ претходно беа реконструирани двете спортски сали, соблекувалните, тоалетите и кабинетите за професорите по спорт, се уредија спортските терени, терени за футсал, кошаркарското и одбојкарско игралиште, осветлени со рефлектори, училишниот двор е поплочен и уреден со нова урбана опрема и хортикултурно уредување.

мт/мд/Фото: МИА  .

Извор: МИА