Breaking News

Годишна конференција на СКСЗМ


– Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) денеска ќе ја одржи годишната конференција на тема „Предизвикот на компаниите од РСМ во обезбедувањето на работната сила во период на глобализација и дигитализација“.


На конференцијата е најавено обраќање на претседателот на СКСЗМ Менди Ќура и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, додека на панел дискусијата ќе говорат министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати, претседателката на Собранието на МАСИТ и претседавач на Платформата за јавно-приватен дијалог Анета Антова Пешева и Норик Селими од Мотиви Груп, член на СКСЗМ.


вј/дма/Фото: СКСЗМ .

Извор: МИА