Breaking News

Главниот обвинител на ИЦЦ загрижен за евентуалната копнена офанзива врз Рафа


– Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ), Карим Кан денеска изрази длабока загриженост за можна израелска копнена офанзива во Рафа во Појасот Газа, предупредувајќи дека секој што го прекршил меѓународното право ќе одговара.


Кан на платформата Икс објави дека истрагата на неговата канцеларија за настаните во Појасот Газа „се спроведува како прашање на најголема итност“.


ИЦЦ во 2021 година отвори истрага против Израел, како и против Хамас и други вооружени палестински групи за евентуални воени злосторства на палестинските територии.

Кан претходно изјави дека оваа истрага сега „се протега на ескалација на непријателствата и насилството по нападите што се случија на 7 октомври 2023 година“.  ми/фото: МИА архива .


Извор: МИА