Breaking News

Германски генерал: Руските загуби во Украина „огромни“


Русија претрпе огромни човечки и материјални загуби во Украина и нејзината армија ќе излезе ослабена од конфликтот, изјави висок германски воен функционер во интервју објавено денеска.


„Знаете дека според податоците на западните разузнавачи, 300.


000 руски војници се убиени или толку сериозно ранети што повеќе не можат да бидат мобилизирани за војната“, изјави за Зидојче цајтунг, Кристијан Фројдинг, кој ја надгледува поддршката на германската армија за Киев.

Американско разузнавање претходно овој месец посочи дека 315. 000 руски војници биле убиени или ранети во Украина од почетокот на војната.


„Руските загуби на луѓе и материјал се огромни“, рече Фројдинг, кој е и клучен советник на германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Исто така, се верува дека Русија изгубила илјадници борбени тенкови и борбени возила на пешадијата, додаде тој.


„Руските вооружени сили ќе излезат од оваа војна ослабени, и материјално и кадровски“, рече тој.

Сепак, Русија успева да продолжи да регрутира војници „вклучувајќи и употреба на затвореници“, рече Фројдинг. „И, се разбира, гледаме огромни инвестиции во индустријата за оружје“. зш/ .


Извор: МИА