Breaking News

Форум на занаетчии и основање асоцијација на занаетчиски комори на Западен Балкан


Занаетчиската комора на Република Северна Македонија, со поддршка на Министерство за економија, преку проект за промоција на занаетчиството и зајакнување на соработката со партнерите денеска организира форум на тема „Занаетчиството како важен дел на економијата и неговата визија за создавање на квалификувана работна сила во Република Северна Македонија“.


На форумот ќе учествуваат претставници од министерства, од локалната самоуправа, коморите, од центрот за стручно образование и обука на меѓународно и национално ниво, како и представници од ЕУ, вклучени во процесот на креирање на политиките за пазарно-ориентирано стручно образование и обука.


Предвидени се две панел дискусии: „Иднината на занаетчиството- Важноста на политиките при обезбедувањена поддршка на занаетчиите“ и „Креирање на поконкурентно деловно опкружување за занаетчиството“.

Комората најавува и потпишување декларација на занаетчиските комори од регионот кои ќе основаат асоцијација на занаетчиски комори на Западен Балкан.


-Проектот ќе биде финансиран од ЕУ и ќе ја покаже нашата заложба за подигање на свеста и за придонесување во креирањето на политиките за значењето на занаетчиството на национално и локално ниво, како и за подобрување и унапредување на положбата на занаетчиските комори на Западен Балкан, согласно европските препораки и директиви од оваа област, наведува Занаетчиска комора на Република Северна Македонија.

мч/лв/фото: МИА архива .


Извор: МИА