Ердоган: Зачувувањето на мирот и стабилноста на БиХ е важно за Турција


– Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, денеска се сретна членовите на Претседателскиот совет на Босна и Херцеговина Денис Беќировиќ, Жељко Комшиќ и Жељка Цвијановиќ со кои разговараше за односите меѓу Турција и Босна и Херцеговина, како и за регионалните и глобалните прашања.


Како што јави Анадолија, Ердоган со членовите на Советот се состана на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија.


– Претседателот Ердоган на средбата истакна дека од клучно значење за Турција е задржувањето на единството, мирот и стабилноста на Босна и Херцеговина и продлабочувањето на односите меѓу двете земји, соопшти Директоратот за комуникации при турското Претседателство на платформата Х.

Ердоган, исто така, ја истакна решеноста на Анкара да пружи искрен и конструктивен придонес за овие прашања, кој ќе продолжи да се зголемува, соопшти Директоратот.


– Претседателот Ердоган нагласи дека ќе продолжат чекорите за зголемување на обемот на трговска размена и соработката на сите полиња, се додава во објавата. јт/Фото: Анадолија .

Извор: МИА