Breaking News

Едукативни предавања „Петарди НЕ – безбедност пред СЀ” во Велес, Штип и Битола


На подрачјата на Секторите за внатрешни работи Велес, Штип и Битола вчера беа реализирани повеќе превентивни активности примарно насочени кон превенцијата од употреба на пиротехника и оружје во текот на Новогодишните и Божикните празници, како и активности за поголема сообраќајна и имотна безбедност во наредниот период на прослави, соопшти МВР.


На подрачјето на СВР Велес поточно во општинските средни училишта „Димитрија Чуповски“, „Кочо Рацин“ и „Коле Неделковски“ во Велес, „Кирил и Методиј“ во Неготино, како и во основното општинско училиште „Пере Тошев“ во село Росоман, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, во содејство со медицински лица во рамките на кампањата на МВР со Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија при КЦ „Мајка Тереза“ од Скопје, пред учениците одржаа едукативни предавања на тема „Петарди НЕ- безбедност пред СЀ ”.


Исто така и полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип во рамки на кампањата „Петарди НЕ, безбедноста пред се“ одржаа за учениците од  средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Штип едукативно предавање.

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово на локации околу градскиот пазар во Берово спроведоа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“.


И на подрачјето на СВР Битола, односно во Битола, Прилеп и Крушево се спроведени превентивни активности во насока на запознавање на граѓаните со забраната за користење на пиротехнички средства.

Беа спроведени и активности за побезбеден сообраќај со акцент на забраната за конзумирање алкохол и управување на моторно возило во пресрет на Новогодишните и Божикните празници.


За време на сите активности на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина.

Во централното подрачје на Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен преку непосредна комуникација со граѓаните  разговараа околу темата „Слави со срце, не со оружје“, односно за опасноста од неовластено пукање со огнено оружје на свечености, како и за казнените мерки кои се предвидени за тие што неовластено ракуваат со огнено оружје, додека во основното училиште „Кирил и Методиј во село Бучин полициски службеници од ОВР Македонски Брод, одржаа едукативни предавања на тема „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“, наведуваат од МВР.


са/мд/Фото: МИА архива .

Извор: МИА