Џафери на состанок на спикери на парламенти на земјите од Југоисточна Европа во Будимпешта


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, ќе учествува на 11.


Состанок на спикери на парламенти на земјите од Југоисточна Европа, што денеска и утре ќе се одржува во Будимпешта, Унгарија.


Темата на овогодишниот состанок е „Процесот на европска интеграција во Југоисточна Европа: проширување и/или продлабочување?”, а традиционално состанокот на највисоко парламентарно ниво го организира секоја втора година унгарското Национално собрание за целосно европско интегрирање на земјите од Западниот Балкан.

Како што денеска најавија од собраниската прес-служба, претседателот на Собранието Џафери ќе се обрати на дадената тема пред учесниците од регионот.


Инаку, присуство на состанокот потврдиле и претседателите на Собранието на Република Косово, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, а на состанокот, соопштија од Собранието на РСМ, ќе се обрати и Еврокомесарот за соседски политики и проширување, Оливер Вархеји.

цр/са/Фото:МИА архива .


Извор: МИА