Breaking News

Дел од општина Гази Баба без вода


Без вода денеска од 10 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Карл Хрон“, „Карл Либнехт“, „Анри Барбис“ и „Темелко Попов“ во општина Гази Баба.


 Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна приклучна цевка на улица „Карл Хрон“ 66. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на дефектот.


мд/са/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА