Breaking News

ВЕСТИ

Тренчевска: Креираме мерки и закони кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани

„Јавните расправи за Законот за работни односи се во тек. Го менуваме досегашното породилно отсуство во три нови институти – мајчинство, татковство и родителство. Со ваквата измена овозможуваме еднакви можности на мајката и на таткото. Ги вклучуваме и мајката и таткото во грижата за децата“ информираше министерката за труд и социјална …

Повеќе »

ЕУ легализира штурци и ларви за јадење

Домашните штурци и ларвите на бубачката Tenebrio molitor, односно брашнарските црви, ќе бидат дозволени како храна во Европската унија според новите регулативи. Домашниот штурец од денеска може да се користи замрзнат, сушен или во прав, а од четврток и ларвите. Слични правила веќе постојат за миграционите скакулци и ларвите на жолтиот црв. …

Повеќе »

Дел од помалите владини партнери го условувaат влезот на Алијансата за Албанците во Владата

По седницата на Централното претседателство на Алијанса за Албанците (АА) што се одржа викедов и најавите дека во текот на неделава партијата ќе формира комисија којашто би преговарала за евентуален влез во Владата, вчера со свои ставови околу можноста АА да влезе во Владата излегоа помалите владини коалициски партнери. Од …

Повеќе »

Во пет градови ќе се одржат информативни сесии за програмата „Креативна Европа” – потпрограма Култура

Со настан во НУ „Музеј на македонската борба” – Скопје, утре (24 јануари), започнува серијата информативни сесии посветени на тековните повици на програмата „Креативна Европа” – потпрограма Култура: „Проекти за соработка” и „Циркулација на европски книжевни дела” за 2023 година. На настанот во Скопје ќе бидат презентирани: Повикот за категоријата …

Повеќе »

Произведени 18.045 мегават часови електрична енергија

АД ЕСМ вчера произведе 18.045 мегават часови електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбената индустрија и други витални државни субјекти, информираат од Владата. -Во термоелектраните се произведени 15.002, а во хидроелектраните …

Повеќе »

Министерката Петровска на редовниот годишен брифинг со одбранбени аташеи

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе го отвори редовниот годишен брифинг со одбранбени аташеи акредитирани во Северна Македонија што ќе се одржи во просториите на Регионалниот центар за односи со јавноста во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје. Воведни обраќања на брифингот ќе имаат и заменикот на началникот на Генералштабот, …

Повеќе »

Седница на собраниската Комисија за европски прашања

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за европски прашања. На дневен ред на седницата единствена точка е Информацијата за досегашниот тек на скринингот на Република Северна Македонија. сст/мд/

Повеќе »

Седница на Собранието на Република Северна Македонија

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 102-та седница. Единствена точка на дневниот ред на седницата е Предлог на закон за дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони. сст/мд/

Повеќе »

Седница на Советот за безбедност

Советот за безбедност на Република Северна Македонија денеска во 15:00 часот ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. На дневен ред на 18-та седница на Советот за безбедност, како што информираат од Кабинетот на шефот на државата, ќе биде безбедносната состојба во Република Северна Македонија и евро-атлантскиот регион. …

Повеќе »

Алијанса за Албанците треба да одлучи дали ќе влезе во Владата или ќе остане во опозиција

Централното претседателство на Алијанса за Албанците неделава ќе формира комисија која треба да преговара за евентуален влез на партијата во Владата или за останување во опозиција, откако Централното собрание викендов го овластило раководството да ја донесе конечната одлука. Во саботата вечер, по завршувањето на Централното собрание на Алијанса за Албанците, …

Повеќе »