Breaking News

ВЕСТИ

Протест на здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

Здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ денеска излегоа на протест поради доцнење на плата. Претседателката на независниот синдикат при ГОБ „8 Септември“, Рената Ѓаконовиќ, рече дека денешниот мирен протест е организиран со цел да се изрази незадоволство поради неземена плата што требало да им биде исплатена на 10 февруари, меѓутоа …

Повеќе »

Упатството за подобрување на транспарентноста – прв систематизиран документ за поотчетни институции

Транспарентноста е прашање што треба континуирано да се надоградува и како држава имаме и обврска и одговорност спрема граѓаните да им обезбедена транспарентност на институциите и на Владата бидејќи само на тој начин можеме да изградиме институции во интерес на граѓаните. Во таа смисла проактивното објавување на информациите и поедноставувањето …

Повеќе »

Скопското Обвинителство оформи предмет по интервјуто на Павловиќ-Латас со јутјуберот Лазаров

Секторот за компјутерски криминал при МВР до Основното јавно обвинителство – Скопје достави известување за настанот за кој говори Драган Павловиќ-Латас во интервју на јутуберот Стефан Лазаров, емитувано на 15 февруари, информираат за МИА од скопското ОЈО. Оттаму посочуваат дека надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и …

Повеќе »

Штипските пожарникари-спасувачи за МИА: По 12 часа дневно трагавме под урнатините во деветкатница во Адијаман

Урната деветкатница, покрај неа багер, кој интензивно работи и ги крева бетонските плочи од нечии поранешни домови, во кои спомените за само еден миг на делчиња ги распарчи и уништи катастрофален земјотрес. Спасувачките тимови на Турција и на Северна Македонија со вперени очи кон урнатините, но и дел од нив …

Повеќе »

Судскиот совет ја предложи Елизабета Дуковска за член на Уставниот суд

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната 431 седница со 11 гласа „за“ и два „против“ го усвои предлогот до Собранието за судија на Уставниот суд од редот на судиите да биде предложена судијката од Апелационен суд Скопје Елизабета Дуковска. Дуковска се предлага на местото на судијката Вангелина Маркудова, …

Повеќе »

ФЗО: Системот профункционира, почна исплатата на боледувањата, породилните и рефундациите

ИТ експертите ги финализираат процесите и функционалностите во Фондот за здравствено осигурување и со тоа започна исплата на боледувањата, породилното отсуство и разни рефундации, соопшти денеска ФЗО на РСМ. Оттаму тврдат дека речиси сите модули се ставени во функција, по хакерскиот напад на оваа институција со којашто беа оневозможени услугите. …

Повеќе »

Синдикатот на Пошта бара итна средба со Владата, во спротивно ќе организира протести и штрајкови

Синдикатот на Македонска пошта бара итна средба со Министерството за транспорт и врски и Владата за состојбите во претпријатието кое, како што велат, е во тешка финансиска ситуација, се соочува со загуби во работењето и ризици за редовна исплата на платата. Доколку во рок од пет дена не се одржи …

Повеќе »

СВР-Битола апелира до земјоделците да не ги палат стрништата, демне опасност од пожари

СВР-Битола упати апел до земјоделците кои почнуваат со подготовки за претстојната пролетна сеидба да не ги палат стриштата заради опасност од пожари. Од СВР-Битола посочуваат дека е забележана зголемена раздвиженост на нивите и интензивно чистење на отпадоците, забележани се појави на палење на стрништа и сува вегетација трева, жбунови, кои …

Повеќе »

Пратениците ја продолжија расправата за разрешување на министерот за информатичко општество Алити

Собранието денеска, во рамки на 104. седница, ја продолжи расправата за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Расправата почна во петокот, откако во четвртокот вечерта заврши дебатата за разрешувањето на министерот за здравство Беким Сали. Гласањето за разрешувањето на Сали треба да биде дополнително закажано, а …

Повеќе »

Кузеска: За 40 отсто зголемено домашното производство на струја

Мерките и политиките во енергетиката на Владата и институциите предводени од СДСМ даваат реални и видливи резултати. Во време на светска енергетска криза, домашниот енергетски сектор работи со полн капацитет, а производството на електрична енергија е на рекордно ниво. Во јануари оваа година, 87 отсто од потребите за електрична енергија …

Повеќе »