Breaking News

ВЕСТИ

Без вода дел од населба Визбегово

Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на улица „3“ бр. 7 во населба Визбегово, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „3;31“ и „Индира Ганди“. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување на дефектот. сст/дма/ Фото. МИА архива  …

Повеќе »

Вицепремиерот Битиќи на увид во градежни активности за изградба на детска градинка во Бутел

Вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе изврши увид на градежните работи за изградба на детска градинка во Општина Бутел преку ТАВ програмата. На настанот најавено е присуство и на градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски и претставникот на ТАВ Контракшн, Емрах Тосун. бак/Фото: …

Повеќе »

Промоција на книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“ од Теодор Богоевски

Промоција на книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“ од магистер Теодор Богоевски ќе се одржи денеска напладне во Музејот на современа уметност во Скопје. На промоција на книгата, според организаторите, ќе се обратат претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, Христина Спасевска, претседателка на Инженерската институција на Македонија, …

Повеќе »

Продолжува собранисиската и комисиска дебата за пакетот закони за коридорите

Собранието на Република Северна Македонија денеска напладне треба да ја продолжи 115-та седница во рамки на која меѓу точките се и пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10 д. Воедно, на собраниската Комисија за европски прашања треба да продолжи расправата за измените и дополнувањата на Законот за градење …

Повеќе »

За власта, недонесувањето на уставните измени ќе ја изолира државата, опозицијата останува на ставот дека нема да има промена на Уставот

Ако не бидат донесени уставните измени, тоа би ја однело земјата во изолација и може да резултира Северна Македонија да не се интегрира во ЕУ уште многу децении, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи. Опозицијата, пак, останува на ставот дека во овој пратенички состав, Собранието нема мандат, ниту демократски легитимитет …

Повеќе »

Началникот на Генералштабот на Армијата во Софија ќе учествува на конференција на началници на ГШ на балканските земји

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, ќе учествува на шеснаесетата конференција на началниците на Генералштабови на Армиите на балканските земји, што се одржува во Софија, најавува Министерството за одбрана. Од Канцеларијата за воени односи со јавноста при Министерството за одбрана информираат дека генерал Ѓурчиновски, денеска и утре ќе …

Повеќе »

УСАИД со проект за потпишување на меморандум за меѓуопштинска соработка

Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите денеска ќе биде домаќин на настан за потпишување на Меморандум за соработка со третата група на 24 нови партнер-општини. Од УСАИД исто така информираат дека на настанот ќе им се оддаде признание на 15-те партнер општини од првата група …

Повеќе »

Панел: „Иднината на проширувањето на ЕУ – Кои се придобивките за Северна Македонија и Европската Унија?“

Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење во Република Северна Македонија и Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел организираат панел дискусија на тема „Иднината на проширувањето на ЕУ – Кои се придобивките за Северна Македонија и Европската Унија?“. На панел дискусијата, како што најавуваат организаторите, се очекува да учествуваат високи …

Повеќе »

Претседателот на Собранието на 10. Пленарна сесија на ПСЈИЕ во Будва

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска и утре, ќе учествува на 10. пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што ќе се одржи во Будва во организација на Црногорското претседавање со Процесот 2022-2023. Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери во својство на шеф на Делегацијата …

Повеќе »

Јавна дебата за Предлог законот за помилување

Министерството за правда денеска во Клубот на пратеници ќе организира јавна дебата за Предлогот на законот за помилување. Како што е најавено, на дебатата ќе се обрати министерот за правда Кренар Лога, проф. д-р Бобан Мисоски, претседател на Работната група на Предлогот на Законот за помилување и проф. д-р Александар …

Повеќе »