Breaking News

Началникот на Генералштабот на Армијата во Софија ќе учествува на конференција на началници на ГШ на балканските земји


Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, ќе учествува на шеснаесетата конференција на началниците на Генералштабови на Армиите на балканските земји, што се одржува во Софија, најавува Министерството за одбрана.


Од Канцеларијата за воени односи со јавноста при Министерството за одбрана информираат дека генерал Ѓурчиновски, денеска и утре ќе биде во работна посета на Република Бугарија.


сх/нд/Фото: МИА архива .

Извор: МИА