Breaking News

ВЕСТИ

Сенароден собир на МПЦ – ОА против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост,  бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка …

Повеќе »

Промоција на Индексот на родова еднаквост во Северна Македонија

Промоција на Индексот на родова еднаквост во Северна Македонија (2022) ќе се одржи денеска во Скопје. Настанот е во организација на Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Канцеларијата на UN Woman во Скопје, во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: …

Повеќе »

Седници на три собраниски седници

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за прашања за изборите и именувањата.  На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е разгледување на Заклучокот на Собранието по предлогот …

Повеќе »

Во Собранието работна средба на Клубот за младински прашања и политики

Во Собранието денеска ќе се одржи работна средба на Клубот за младински прашања и политики.  Тема на денешната активност е координирање на државните институции за актуелни младински политики. ев/бак/ . Извор: МИА

Повеќе »

Конференција „10 години НМСМ: Деценија на заедничко дејствување, застапување и промени за младите“

Конференцијата „10 години НМСМ: Деценија на заедничко дејствување, застапување и промени за младите“, ќе се одржи денеска во Скопје.  На конференцијата, која се организира по повод 10-годишнината од постоењето на оваа невладина организација, најавено е обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски и на амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна …

Повеќе »

Ковачевски – Шолц: Северна Македонија припаѓа во ЕУ, Германија е наш партнер на европскиот пат

Интензивираниот политички дијалог на највисоко ниво во последниве години, најдобро говори за пријателство и партнерство меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, било заклучено на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со неговиот домаќин германскиот канцелар Олаф Шолц, во рамки на официјалната посета на Берлин. Како што соопштија од владината …

Повеќе »

Мицкоски: Нема да има уставни измени по бугарски диктат, сите 44 пратеници се како едно

Сите 44 пратеници се сложни како едно. Нема да прифатиме уставни измени по бугарски диктат и за тоа не треба да има никој дилема, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќање на одбележување на чествување на 102 година од смртта на Ѓорче Петров.  Мицкоски рече дека следните избори …

Повеќе »

Шолц: Промената на Уставот е од централно значење за да се ослободи патот за пристапниот процес во ЕУ

Германија сериозно ја сфаќа ЕУ перспективата на Северна Македонија. Сега од централно значење е планираната промена на Уставот, за да се ослободи патот за пристапниот процес во ЕУ, истакна германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничката прес – конференција со премиерот Димитар Ковачевски, кој е во дводневна официјална посета на Сојузна …

Повеќе »

Лукаревска: СДСМ останува меѓу граѓаните, заедно ќе ги креираме следните политики

Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска беше во Градско, Струмица, во Старо Нагоричане Кочани, Свети Николе, Кичево и Демир Хисар. – Повеќе од три месеци СДСМ е интензивно на терен меѓу граѓаните, таму каде што му е местото. За овој период одржавме 980 средби, се сретнавме со …

Повеќе »

Определни сме процесот на уставни измени да заврши пред втората меѓувладина конференција, вели Ковачевски

Определни сме процесот на уставни измени да заврши пред отпочнувањето на втората меѓувладина конференција. И Владата и сите коалициски партнери се посветени на тоа. Ги повикувам пратениците од опозоцијата да се водат од интересите на граѓаните, изјави премиерот Димитар Ковачевски вечерва во Берлин на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф …

Повеќе »