Breaking News

ВЕСТИ

Поскапува дизелот, цената на бензините не се менува

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ зголемува за 0,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 1,00 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 70,50, а на Екстра лесното 70,00 денари за литар. …

Повеќе »

Опожарени жито, автомобил и постојка во Куманово и Старо Нагоричане

Жито гореше во Старо Нагоричане, во Куманово автомобил и автобуска постојка, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Пожарникарите од Старо Нагоричане гаснеа пожар во атар на село Младо Нагоричане, каде вчера гореше површина со жито. – Интервенирале од 10:40 до 11:30 часот во село Младо Нагориане …

Повеќе »

Нивото на Охридското Езеро три сантиметри над јулскиот просек

Нивото на Охридското Езеро е намалено за еден сантиметар во однос на вчерашниот ден, но е за три сантиметри повисоко од јулскиот просек, покажуваат денешните хидролошки мерења.  И Преспанското Езеро денеска има зголемен водостој во однос на вчера за еден сантиметар, но е под просекот за јули. Нивото на Дојранското …

Повеќе »

Во Скопје 250 сообраќајни прекршоци, 149 за брзо возење

На територија на Град Скопје вчера се изречени вкупно 250 мерки во контролите во областа на сообраќајот што ги спроведува СВР – Скопје. Од нив 149 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 15 санкции за возење без возачка дозвола, 13 мерки за прекршоци што ги прават возачите на …

Повеќе »

Советот за општи работи на ЕУ ќе ја разгледува Одлуката за макрофинансиска помош за земјава 

Одлуката за обезбедување макрофинансиска помош за Северна Македонија во износ до 100 милиони евра за справување со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина, е една од точките на дневниот ред на денешната седница на Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ во Брисел. Предлог-одлуката, усвоена од страна на Европската …

Повеќе »

Изложба на дигитални слики „Особеност“ на Игор Поп Трајков

Во рамките на Скопско лето 2023, вечер во ЈУ Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје ќе биде отворена четврта самостојна изложба на уметникот Игор Поп Трајков насловена „Особеност“. Во неа уметникот експериментира со новите дигитални технологии, како и со комбинацијата на новите со традиционалните техники во сликарството. Според кураторката …

Повеќе »

Неформално дружење со членовите на Специјалната олимпијада кои освоија пет медали во Берлин

Во АТК_премиум клубот во Скопје денеска ќе се одржи заедничко неформално дружење со атлетите на Специјална Олимпијада на Македонија и нивните тренери, кои се вратија од последната Светска Олимпијада во Берлин со освоени пет медали. На настанот ќе се обратат Бранко Грегановиќ, претседател на Управен одбор, на НЛБ Банка Скопје, …

Повеќе »

Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред се Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2022 година и неколку предлог-одлуки. Членовите на Комисијата треба да расправаат по Предлог-одлуката за давање согласност на Годишната програма за работатa на …

Повеќе »

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ за излез од државата времето на чекање е околу еден час. Како што соопшти АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. мд/Фото: …

Повеќе »

Без струја корисниците од улицата „Андреја Зограф“ во Ѓорче Петров

Без електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од улицата „Андреја Зограф“ во Општина Ѓорче Петров во Скопје. Како што соопштија од РЦУК – Скопје, корисниците ќе бидат без струја од 09:00 до 14:00 часот. бт/мд/ . Извор: МИА

Повеќе »