Breaking News

Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред се Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2022 година и неколку предлог-одлуки.


Членовите на Комисијата треба да расправаат по Предлог-одлуката за давање согласност на Годишната програма за работатa на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2023 година, Предлог-одлуката за давање согласност на Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2023 година, како и по Предлог-одлуката за давање согласност на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2023 година.


мч/ев/фото: МИА архива .

Извор: МИА