ВЕСТИ

Герапетритис со поддршка на ЕУ перспективата на Северна Македонија и земјите од регионот

– Поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како и на Северна Македонија, ја изрази министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретно за нашата земја, Герапетритис рече дека Грција има „цврста волја за интеграција …

Повеќе »

Стапи во сила Одлуката на ЕУ за макрофинансиска помош за земјава 

– Одлуката на ЕУ за обезбедување макрофинансиска помош за Северна Македонија во износ до 100 милиони евра за справување со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина, стапи во сила, откако денеска официјално е објавена во Службениот весник на Европската Унија. Одлуката што Советот за општи работи (ГАК) на Унијата …

Повеќе »

Ангел Димитров, претседател на Одборот на директори на АД „Мода“ Свети Николе, добитник на награда за долгогодишна коморска активност

Ангел Димитров, претседател на Одборот на директори на АД „Мода“ Свети Николе“, долги години е активен на полето за унапредување на дејноста во текстилната индустрија во нашата држава и активно учествува во градењето политики и мерки за подобрување на состојбите во економијата, преку континуираниот повеќедецениски ангажман во Стопанската комора на …

Повеќе »

Сара Климоска најдобра актерка на Филмскиот фестивал во Сомбор

Со нова награда продолжува успешниот пат на „Кајмак“, најновиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски. За улогата на Доста во „Кајмак“ Сара Климоска е прогласена за најдобра актерка во главната натпреварувачка програма на Филмскиот фестивал во Сомбор, Србија. Овој фестивал своето петто издание годинава го одржа под мотото „За оние …

Повеќе »

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека околу 40 минути

Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Богородица“ за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути. Како што соопшти АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини …

Повеќе »

Нападнати двајца малолетници во Куманово

Две лица со тврд предмет синоќа во 23. 45 часот нападнале малолетник од Куманово. Од малолетничка, која била со него, одзеле мобилен телефон, соопшти МВР.  Случајот бил пријавен утрово, во 1. 00 часот, во Полициската станица Куманово. Нападот бил извршен на местото викано Споменик-костурница. Полицијата презема мерки за расчистување на …

Повеќе »

Опожарени два автомобила во Скопје, нема повредени

Во СВР – Скопје утрово, во 2:25 часот, било пријавено дека на булевар „Видое Смилевски – Бато“ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е. Д. (38) од Скопје. – Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, …

Повеќе »

Приведени две лица, агресивно се однесувале кон полицајци

Полициски службеници од СВР Струмица синоќа го привеле А. А. (33) од Струмица затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопшти МВР.  Во вториот случај, пак, синоќа во 23:45 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле …

Повеќе »

МВР-билтен (ДПЛ)

На 15-16. 07. 2023 во периодот од 19. 00 до 02. 10 часот на место викано „Долна Бабуна“ во Велес, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Отсек за недозволена трговија при МВР и полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода осум лица затоа што кај нив биле …

Повеќе »

За викендот дебрани и гостите го посетија Дебарско Езеро 

 Дебрани, печалбари, кои се пристигнати во родниот град, но и потомци на поранешни жители на селските населени места, кои сега живеат главно во Скопје, денеска се разладуваат во чистите води на Дебарското Езеро. – Водата е прекрасна, многу потопла од природните езера па и децата многу полесно влегуваат. Ова е …

Повеќе »