Breaking News

ВЕСТИ

Јавниот обвинител Јовески на средба со членовите на ДКСК

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска, на сопствена иницијатива, остварил средба со членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). На средбата, соопштија од Jавното обвинителство на Република Северна Македонија, во рамки на активностите за зајакнување на националниот фронт за борба против корупцијата, двете институции ги …

Повеќе »

ЛДП: Да се утврди кој е одговорен за издадената концесија за рудник

Да се преиспита кој е одговорен што воопшто дошло до ваква концесија, па сега повторно се отвора прашањето кое сите верувавме е одамна затворено. „Веруваме во отворен, демократски процес. Затоа повикуваме на транспарентно преиспитување на одлуката за отворање на рудникот. Апелираме овој процес да ги вклучи сите релевантни граѓански здруженија, …

Повеќе »

НСПМ: Надлежните да се заземат во одбрана на пожарникарите

Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија (НСПМ) денеска преку соопштение реагира против насилството и насилниците кои, како што наведуваат, често ги напаѓаат пожарникарите при вршењето на работните задачи во заштитата и спасувањето на граѓаните при противпожарните интервенции и други несреќи. – Бараме надлежните органи строго да се заземат во одбрана …

Повеќе »

Одржана обука на стручната служба во Уставен со поддршка на ОБСЕ Мисијата во Скопје

На 10 и 11 јули во Уставниот суд се одржа дводневна работилница за стручната служба на тема „Забраната за дискриминација во судската пракса на Европскиот суд за човекови права”.   . Извор: МИА

Повеќе »

Мицкоски – Метелко Згомбиќ: И за земјава треба да важат Копенхашките критериуми за влез во ЕУ

Македонските евроинтеграции, актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и билатералната соработка на нашата држава со Хрватска, беа темите на разговор на денешната средба меѓу претседателот и  потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Тимчо Муцунски со хрватската државна секретарка за европски работи Андреја Метелко-Згомбиќ. Мицкоски истакна дека за патот …

Повеќе »

Истекува рокот за поднесување изјава за членовите со бенифициран стаж

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) потсетува дека на 20-ти месецов истекува рокот за поднесување Изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд.  -Согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една …

Повеќе »

Намален водостојот на Преспанското Езеро

– За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа, водостоите на Преспанското и на Дојранското Езеро се пониски од просекот за јули …

Повеќе »

Објавен првиот том од избраните дела на Петре Димовски

Во издание на „Дијалог“ од Скопје излезе од печат романот „Бродови“ од Петре Димовски, што е прв од петтомниот избор на овој познат македонски писател кој живее и создава во Битола. Како што информира Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“, избраните дела на Петре Димовски излегуваат по повод …

Повеќе »