Breaking News

ВЕСТИ

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Активистите на Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ јавно ги повикува пратениците заеднички да постапат во интерес на хуманоста и колективното добро, да кренат рака за да се усвојат предлог измените и дополнувањата на Законот за заштита и безбедност на животните кој се носи по скратена постапка, а  кој …

Повеќе »

Бектеши: До крајот на идната недела би требало да се знае кои компании ги исполнуваат првичните услови за универзален снабдувач

До крајот на идната недела би требало да има конкретен извештај и да се знае кои компании ги исполнуваат првичните услови за универзален снабдувач, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Одговорајќи на новинарски прашања пред средбата со раководството на Стопанската комора, Бектеши нагласи дека јавноста ќе биде информирана за …

Повеќе »

Истражување за 20 години КОМЗ: уникатен модел за односи меѓу етничките заедници 

– Комитетот за односи меѓу заедниците (КОМЗ) денеска промовираше истражување објавено во двојазична публикација по повод 20 години од формирањето како тело во состав на Собранието чија улога во постконфликтна Македонија беше да изгради доверба меѓу различните етникуми и  да ги унапредува нивните односи. Изданието содржи седум препораки за КОМЗ …

Повеќе »

Актуелниот парламентарен состав треба да одржи седница за инаугурација на новиот претседател, нов Парламент до 28 мај

– Најдоцна до 28 мај треба да биде свикана конститутивната седница на идниот парламентарен состав, согласно новиот Деловник на Собранието. Седницата ќе трае најмногу три дена, а треба да ја свика сегашниот претседател на Собранието Јован Митрески. Доколку тој не го стори тоа, на 21 ден по изборите седницата ќе …

Повеќе »

Џафери – Коцевски: Ефикасност од институциите за фер избори

Претседателот на техничката Влада Талат Џафери денеска се сретна со јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски. Средбата се реализираше на барање на премиерот Џафери, согласно законската надлежност на Владата за организирање фер и демократски избори, соопшти владината прес-служба. Џафери на состанокот ја истакна недвосмислената определба на Владата за …

Повеќе »

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во „Аустријан ерлајнс“

Откажани се летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во авиокомпанијата „Аустријан ерлајнс“. На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.  Поради штрајкот, којшто според најавите треба да трае денеска и утре, глобално откажани се околу …

Повеќе »

Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата, соопшти УХМР. Минималните утрински температури …

Повеќе »

Средното училиште за ученици со оштетен слух „Партенија Зографски“ учествува во Еразмус-проект со партнери од Летонија и Естонија

Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски”-Скопје учествува во проект од образовната програма на ЕУ – Еразмус+ со партнери од две балтички земји –  Државното техничко училиште од Рига, Летонија, кое е координатор на проектот, и колеџот „Тарту“ од Тарту во Естонија. ДУЦОР „Партенија Зографски“, единствено училиште во …

Повеќе »

Награда и признание за Азески од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип

СООПШТЕНИЕ: Во знак на признание и благодарност за неговиот значаен придонес и соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески доби благодарница и награда од страна на Универзитетот. . Извор: МИА

Повеќе »

Работна сесија на НКЕУ-МК на тема „Темелните права, правдата и слободите низ призмата на механизмот за владеење на правото на Европската Унија“

– Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска ќе ја одржи 13. сесија на работните групи за теми од преговарачките поглавја за Правосудство и темелни права (Поглавје 23) и Правда, слободи и безбедност (Поглавје 24).  Како што информираат од НКЕУ-МК, во рамки на работната сесија ќе се …

Повеќе »