Breaking News

ВЕСТИ

Бочварски: Експертскиот извештај ќе ги покаже идните чекори за реализација на автопатот Кичево-Охрид

Не е запрена изградбата на автопатот Кичево-Охрид, тој ќе биде завршен, а експертскиот извештај ќе ги покаже идните чекори за реализација за изградбата, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата со претставници од транспортната заедница. Извештајот ќе биде подготвен и доставен до …

Повеќе »

Се садат нови садници кај новиот Градски пазар во Делчево

Садници од јавор и црвена слива ќе ги красат зелените површини кај новиот градски пазар и пешачкиот мост во Делчево, информираа од Општината. Во денешната акција за пошумување која ја спроведоа екипи на ЈКП „Брегалница“ се засадени 70 садници јавор и 30 садници црвена слива.  – Дополнително ќе се врши …

Повеќе »

Уставни судии, професори, НВО, експерти од Германија, ОБСЕ и ЕУ на дебата за воведување уставна жалба

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска и судиите Осман Кадриу и Татјана Васиќ Бозаџиева учествуваа на дебата организирана за заштитата на човековите права и слободи пред Уставниот суд од страна на Институтот за човекови права. Кацарска имаше обраќање на темата „уставна жалба” и во оваа прилика пред претставници на невладиниот …

Повеќе »

Протест на пензионери пред Собранието

Пензионери од повеќе градови денеска пред Собранието во Скопје излегоа на протест поради, како што велат, незадоволство од антикризните мерки. Пензионерот Орце Давитков, кој е член на Иницијативниот одбор, при Здружение на пензионери „За достоинствен живот“ од Кочани, во изјава за медиуми рече дека нивните барања се, по пет илјади …

Повеќе »

Судскиот совет по трет пат ќе објави оглас за избор на член на Советот од редот на врховните судии

– Судскиот совет на денешната седница соопшти дека и на вториот оглас за избор на член на Советот од редот на врховните судии не се пријавил никој и повторно донесе одлука за објавување на нов оглас за избор на член од Врховниот суд на Република Северна Македонија. Членот Селим Адеми, …

Повеќе »

Општинската организација на Црвен крст Велес ги врачи признанијата на најдобрите волонтери за 2023

 Општинската организација на Црвениот крст Велес ги врачи признанија за најдобрите волонтери во 2023 година. Претседателката на ООЦК Велес д-р Кевица Клифова им се заблагодари на сите волонтери кои се вклучиле во активностите на организацијата. Оваа хуманитарна организација во Велес и поширокиот велешки регион во 2023 година имала 103 активности, …

Повеќе »

Ковачевски: Владата е отворена и транспарентна, вкупната транспарентност на институциите за оваа година е 76 проценти

Според Институтот за граѓански комуникации кој го мери индексот на активна транспарентност, Владата во 2016 година имала 25 проценти транспарентност, која почнува да расте и во последните две години достигнува и задржува сто процентна транспарентност, посочи премиерот Димитар Ковачевски. Тој денеска во своето обраќање на конференцијата „Транспарентност и отчетност: Совршен …

Повеќе »

Кошта: ЕУ треба да направи чекори напред во поглед на проширувањето со Западниот Балкан 

Процесот на пристапни преговори на Украина со ЕУ не е можно да биде исклучен од кандидатурите за членство на земјите од Западен Балкан, бидејќи сите процеси на проширување мора да бидат оценети според постигнувањата и според оценката што ја дава Европската комисија, изјави португалскиот премиер Антонио Кошта.  – Во однос …

Повеќе »

Вооружените конфликти остануваат најголемата закана за глобалната економија во 2024 година

Најголемата економска закана во претстојната 2024 година ќе остане насилството во меѓународните односи, бидејќи еден напад може да ги наруши економските и пазарните очекувања на глобално ниво, покажува новото истражување спроведено од компанијата Натиксис, а со кое се опфатени 500 инвеститори во светот. Годишното истражување наведе и други закани за …

Повеќе »

Радовишките пожарникари добија ново противпожарно возило

Радовишките пожарникари добија ново противпожарно возило за прв одговор при шумски пожари, кое е снабдено со специјална опрема. Возилото модел „FORD Ranger“ на ТППЕ Радовиш го предадоа градоначалникот Ацо Ристов и директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев, а со него ќе се гаснат пожари во …

Повеќе »