Се садат нови садници кај новиот Градски пазар во Делчево


Садници од јавор и црвена слива ќе ги красат зелените површини кај новиот градски пазар и пешачкиот мост во Делчево, информираа од Општината.


Во денешната акција за пошумување која ја спроведоа екипи на ЈКП „Брегалница“ се засадени 70 садници јавор и 30 садници црвена слива.


 – Дополнително ќе се врши пошумување и на јавните зелени површини од паркот „Езерца“ кон градскиот стадион.

Исто така, ќе се изврши замена на оштетените садници засадени во централното градско подрачје и на зелените површини по булеварот „Македонија“, истакнаа од Општината.


 Садниците ги набави Општина Делчево во тендерска постапка при што од Буџетот се одвоени 233. 640 ден. со вклучен ДДВ. – Економски оператор е „Градина цвет“ од с.

Владиевци, Василево, како најдобар понудувач.


Целта на оваа акција е да се збогатат содржините во јавните зелени површини во градот, да се оплемени и озелени просторот околу новите објекти, новиот градски пазар и пешачкиот мост со што овој дел од градот, каде претходно се изградени и современи сообраќајници и паркинг-простор, да добие современ урбан лик и зелени површини, додадоа од Општина Делчево.

Засадувањето на новите садници очекуваат значително да влијаат и на прочистувањето на амбиенталниот воздух и почиста животна средина. вс/мд/Фото: МИА .


Извор: МИА