Општинската организација на Црвен крст Велес ги врачи признанијата на најдобрите волонтери за 2023


 Општинската организација на Црвениот крст Велес ги врачи признанија за најдобрите волонтери во 2023 година.


Претседателката на ООЦК Велес д-р Кевица Клифова им се заблагодари на сите волонтери кои се вклучиле во активностите на организацијата.


Оваа хуманитарна организација во Велес и поширокиот велешки регион во 2023 година имала 103 активности, а во нив биле вклучени 2. 245 волонтери.

На синоќешната свеченост во Општина Велес, која беше по повод  5 Декември – Светскиот ден на волонтерството беа врачени признанија.


За долгогодишна успешна соработка со хуманата организација признанија добија и велешките новинари, меѓу кои и дописникот на МИА, Антоанела Гајдова Димитриевска.

Беше доделено и нововостановеното признание  „Ангел Ќиров“ за  најмногу волонтерски часови. За  резлизирани 207 волонтерски часови  во 2023 година  признанието го доби 19-годишниот Никола Мацис.


Во изјавата за МИА Мацис истакна дека волонтерството во ООЦК Велес му е со цел да им помага на луѓето и да биде хуман млад човек.

Им порача и на сите млади и возрасни да бидат хумани и да им помагаат на сите на кои им е неопходна помош .


За волонтери со најдолг континуиран волонтерски стаж признанија добија д-р Филип Тодоровски, трауматолог, сега во пензија за над 40-годишен стаж во хуманата организација и д-р Владо Хаџи Наумов исто така за над 40-годишен стаж во хуманата организација и долгодишен началник на Брза помош во Велес, а сега во пензија.

Тодоровски истакна дека е среќен што го добива ова признание од хуманата организација во која членува уште од своето вработување  во ЈЗУ  Општа болница Велес и до ден денес.

Тој иако веќе е во пензија, сепак се вклучува во активностите и помага во бројни едукативни предавања, како и во подготовските за давање на Прва помош на кандидатите за возачи и на учениците за натпреварите по Прва помош.

-Секогаш сум на на помош на Црвениот крст, секогаш кога треба да се држат едукатувни предавања за било која медицинска тема. Сум ги посетил сите училишта во Велес и сите во поширокиоот велешки регион.

Најчесто сум се задржувал на едукативните предавања за борбата против ракот и бев прв во земјава кој воведе систематски прегледи за борба против ракот на дојката, информира д-р Тодоровски.

Како трауматолог потенцира дека не е важно само да се даде прва помош при разни несреќи туку правилно да се укаже прва помош бидејќи од правилно укажаната прва помош значи и да се спаси нечиј живот во опасност, додека на местото на настанот да дојде медицинската екипа од Прва помош.

Признанија добија и учениците од ССОУ „Димитрија Чуповски“ познато како Хемиско училиште од Велес, кои беа првопласирани на државниот натпревар по Прва помош на кој годинава домаќин беше ООЦК Велес.

ад/мд/Фото: МИА и Општинска организација на Црвениот крст Велес  .

Извор: МИА