Breaking News

Радовишките пожарникари добија ново противпожарно возило


Радовишките пожарникари добија ново противпожарно возило за прв одговор при шумски пожари, кое е снабдено со специјална опрема.


Возилото модел „FORD Ranger“ на ТППЕ Радовиш го предадоа градоначалникот Ацо Ристов и директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев, а со него ќе се гаснат пожари во општините Радовиш и Конче, кои се дел од овој плански регион.


Возилото е обезбедено со имплентација на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFidar“, финансиран од ЕУ преку Интеррег ИПА, а имплементиран од ЦРЈИПР во партнерство со Центарот за управување со кризи и Регионот на централна Македонија од Република Грција.

рт/мд/Фото: Општина Радовиш .


Извор: МИА