Breaking News

ВЕСТИ

Претстојните избори во реториката на партиите – од техничка влада, до можни пред или пост изборни коалиции

– Составот на техничката влада ќе го договараат лидерите на партиите, но откако за тоа ќе одлучуваат највисоките партиски тела. Техничкиот премиер, доколку предлогот биде Талат Џафери, за опозицијата не заслужува да добие поддршка, но, во интерес на добра атмосфера, како што велат, ќе бидат присутни, а ќе се воздржат …

Повеќе »

Премиерот Ковачевски и Наумов ќе информираат за поддршката на компаниите преку Развојната банка

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со директорот на Развојна Банка, Кире Наумов, денеска на прес-конференција ќе информираат за поддршката на компаниите преку Развојната банка за економскиот раст на државата. Како што информираат од владината прес-служба, на прес-конференцијата ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, …

Повеќе »

Ковачевски: Комисиите за историски прашања со Бугарија и Грција се на паритетна основа и работат без политички влијанија

Комисиите за историски прашања со Бугарија и Грција се на паритетна основа, комплетно ги раководи научната фела и работат без какви било политички влијанија, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговорајќи на новинарски прашања, Ковачевски напомена дека сите информации за работењето на комисиите може да се добијат директно кај нив и …

Повеќе »

Ковачевски за укинувањето на „Десна“: Надлежните за санкционирање, па и дерегистрација на вакви здруженија, веднаш да си ја завршат работата

Сите институции кои треба да постапуваат во делот на санкционирање, па и дерегистрација на вакви здруженија со политички предзнак, треба веднаш да си ја завршат својата работа, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање до каде е постапката за укинување на партијата „Десна“, предводена Љупчо Палевски – Палчо, …

Повеќе »

Стапуваат на сила препораките и мерките за надминат праг на аерозагдување во Струмица

Во Струмица стапуваат на сила препораки и мерки поради тоа што е надминат прагот на аерозагадување. Два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од дозволеното, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки …

Повеќе »

Мицкоски прифаќа јавна средба со Ковачевски доколку го повика, Џафери нема да добие поддршка од ВМРО ДПМНЕ за технички премиер

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека немал тајна средба со премиерот Димитар Ковачевски, но оти стои на располагање доколку го повика на јавна средба за усогласување во врска со техничката Влада, тоа да го направи. Според него, Талат Џафери не ја заслужува подршката на ВМРО – ДПМНЕ …

Повеќе »

Библиотеката „Илинден“ од Делчево ги сумираше резултатите за 2023 година

Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево ги сумираше резултатите за 2023 година. И оваа година, како што информираше директорката на библиотеката Биљана Петровска, реализирани се голем број на активности, од одбележување на значајни настани до настани кои се организираа првпат во библиотеката и воопшто во градот.  -Во годината што изминува …

Повеќе »

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ да ја објави анкетата според која 78 отсто од испитаниците не можат да препознаат каква политика промовира оваа партија

Премиерот Димитар Ковачевски повика ВМРО-ДПМНЕ да ја објави анкетата, според која, како што рече, 78 отсто од испитаниците не можат да препознаат каква политика промовира оваа опозициска партија, и во делот на евроинтеграциите и во однос на економските и социјалните политки. Ковачевски не е изненаден од анкетата пред два дена …

Повеќе »

Меџити: Алијанса за Албанците е одлучувачки фактор за коалицирање, ние сме за напредок кон ЕУ

Министерот за здравство Фатмир Меџити, кој е член на централното претседателство на Алијанса за Албанците на новинарско прашање за идната соработка за претстојните избори посочи дека неговата партија е одлучувачки фактор. Воедно потенцираше дека главната насока на соработка ќе биде напредокот кон Европска Унија. – Ова е најголемата дилема моментално. …

Повеќе »

Мециновиќ: Затворот во Штип е предмет на сериозни инциденти

„Директорот на затворот во Штип и функционер на СДС, Мики Тодорор физички напаѓа студенти. Активистот на ЦМ и студент Јован Јанев во вечерта помеѓу петокот и саботата во Штип бил дивјачки нападнат со физички удари – затоа што е политички активен во Левица и затоа што ако режимот на Груевски …

Повеќе »