Breaking News

Ковачевски за укинувањето на „Десна“: Надлежните за санкционирање, па и дерегистрација на вакви здруженија, веднаш да си ја завршат работата


Сите институции кои треба да постапуваат во делот на санкционирање, па и дерегистрација на вакви здруженија со политички предзнак, треба веднаш да си ја завршат својата работа, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање до каде е постапката за укинување на партијата „Десна“, предводена Љупчо Палевски – Палчо, осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.


Според Ковачевски, информацијата за тоа до каде е укинувањето на „Десна“, треба да се провери во Министерството за правда, МВР и Собранието.


 Како што оцени премиерот, се работи за антимакдеонска партија која претставува класично злосторничко здружување.

-Таа информација ќе мора да ја провериме во Министерството за правда, МВР, Собранието, законските решенија за дерегистрација на партии, но, де факто и де јуре се работи за антимакдеонска партија која претставува класично злосторничко здружување чии членови, прво, не само што починија грозоморно убиство на чело со претседателот на партијата, туку и во изминатиот период учествуваа заедно со другите опозициски партии во организирањето на најголемите нереди во државата.


Во јуни и јули лани кој мене ми поставуваше гилотина пред Собрание, кој ми правеше јавно судење пред Владата, кој фрлаше молотови коктели на МНР, кој од моето малолетно дете правеше недолични видеа на Тик-ток? Тоа го правеа тие луѓе, но прашањето е друго, кој беше со нив? Со нив беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Левица, член на Државна комисија за спречување дискриминација, претседатели на други политички партии, а имаше и една претседателка на партија која правеше драми и хистерии дека ќе сме биле бугаризирани и асимилирани за по неколку месеци нејзиниот син биде избран во Софија, во Градското собрание.

Немам против да биде избран секаде, но не може на тој начин да се прави хистерија и да се подгрева лажен патритоизам и квази национализам во Северна Македонија, рече Ковачевски.


Доста му е на овој народ, дополни, и од лажен патриотизам и од квази национализам.

-Овој народ сака да оди 100 години напред, а не некој да го враќа 2 300 години назад, во антиквизации, во кавги со соседите и во кавги на етничка сонова во државата, подвлече Ковачевски.


Во врска, пак, со истрагата на Финансиската полиција која денеска влегла во Град Скопје, тој рече дека не сака коментира.

-Како премиер, не се мешам во истражни активности на која било институција, вклучително и на Финансиската полиција.

Тие постапуваат врз основа на своите законски надлежности и врз основа на информации што им се достапни.

Откако ќе завршат со своите постапки, ќе и соопштат на јавноста до какви сознанија имаат дојдено. Но, не можам да коментирам истражни постапки, рече Ковачевски. мч/дма/фото: МИА и МИА архива .

Извор: МИА