Breaking News

ВЕСТИ

Министерот Османи ќе учествува на Конференција на ЕУ за справување со дезинформациите и странското мешање

– Министерот за надворешни работи Бујар Османи попладнево во Брисел ќе учествува на Конференцијата „Позадината на дезинформациите: Зајакнување на нашите општества против манипулациите и мешањето на странските информации“, чиј домаќин е високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел. Османи ќе говори на панел-дскусијата на Конференцијата, на …

Повеќе »

Сончево со многу студено утро

Времето денеска изутрина ќе биде многу студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -18 до -4, а …

Повеќе »

Конференција „Година на европски можности“

– Година на европски можности е насловена денешната конференција која ја организира Владата на Република Северна Македонија. Конференцијата со воведно обраќање ќе ја отвори премиерот Димитар Ковачевски, по што ќе се обрати првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби. Во рамки на конференцијата, на …

Повеќе »

Порака од лидерската средба во Скопје – Планот за раст јасна поддршка за ефикасна интеграција на Западен Балкан во ЕУ, клучна соработката во регионот

Лидерите на земјите од Западен Балкан на состанокот за Планот за раст за регионот што се одржа вчера во Скопје усвоија Заедничка изјава, со која се обврзаа за развој на шесте држави по европски стандарди и го нагласија огромното значење на соработката во регионот, како стратешки сојуз на државите од …

Повеќе »

Уште неколку дена за политички комбинаторики пред гласањето за техничката влада

Во недела на полноќ (28 јануари) земјава треба да добие трета преодна влада која ќе ја предводи Талат Џафери, актуелен претседател на Собранието. Оваа Влада се бира сто дена пред парламентарните избори на 8 мај, а две недели претходно, на 24 април, ќе се одржат претседателските избори. Подготовките и кадровското …

Повеќе »

Петровска за изјавата на Бајден: Демократска дестабилизација може да донесе поголема штета и од воена

Ако не се продолжи со поддршката за Украина, на секаков начин, како што тоа го правиме досега, а за што се обединети и сојузниците во НАТО, тоа нема да донесе добро ниту за Европа, а не пак за земјите од Западен Балкан, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју …

Повеќе »

Славески: Остана неодговорено прашањето што се случи со 2 милиони евра кои на ЈСП му беа дадени со одлука на Совет на Град Скопје

Во вечерашната емисија „24 Анализа“ на 24 Телевизија гостуваше претседателот на Совет на Град Скопје, Трајко Славески кој што истакна дека она прашање кое што пет часа го повторуваа советници од коалицијата „За обнова на Македонија“ остана неодговорено. Неодговорено е прашањето што се случи со 2 милиони евра кои што …

Повеќе »

За еден месец продолжено ограничувањето на цените на основните прехранбени производи

Владата на денешната 222-ра седница одлучи до 29 февруари да го продолжи ограничувањето на цената на оризот, брашното, лебот и другите пекарски производи, бисквитите, наполитанките, тестенините, месото и производите од месо, млекото, јајцата, сирењето, кашкавалот и другите млечни проиводи, како и на минералната негазирана и газирана вода и негазираните и …

Повеќе »

Владата одржа седница, донесени повеќе одлуки

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои и Информацијата од Министерството за одбрана, за потребата од изградба на нов Технички ремонтен центар, за потребите на Армијата на Република Северна Македонија. . Извор: МИА

Повеќе »

Колева: На ДПМНЕ не му пречеше Талат Џафери кога беше министер за одбрана во нивна Влада

-Техничката влада е важна карика за одржување фер и демократски избори, се прави паралела и евидентно е какви биле изборните процеси пред 2016 и после 2016 година, кои се навистина со добри оценки и пофални зборови од ОБСЕ, ОДИХР и ЕК и нема нерегуларности, како пред 2015 година, нагласи Колева. …

Повеќе »