Breaking News

Конференција „Година на европски можности“


– Година на европски можности е насловена денешната конференција која ја организира Владата на Република Северна Македонија.


Конференцијата со воведно обраќање ќе ја отвори премиерот Димитар Ковачевски, по што ќе се обрати првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.


Во рамки на конференцијата, на засебни панел сесии ќе се дискутира и ќе се направи пресек на владините политики и мерки преземени во 2023 година, со фокус на евроинтеграциите како клучен процес за 2024 година.

свс/нд/Фото: МИА архива .


Извор: МИА