ВЕСТИ

Академскиот хор „Мирче Ацев“ од Скопје ќе настапи во Центарот за култура во Тетово

Со концертот „75 години хорска љубов“ на академскиот хор „Мирче Ацев“ од Скопје, Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“-Тетово почнува реализација на годишна културна програма поддржана од Министерството за култура. Концертот на академскиот хор ќе се одржи в сабота, 2 март со почеток во 19 часот. – Академскиот хор ни гостува …

Повеќе »

Нормализиран сообраќај на патот Кавадарци–Росоман кој беше во прекин поради сообраќајка

Нормализиран сообраќај на регионалниот пат Кавадарци –Росоман, кој од утрово, од 07:00 часот, беше во прекин поради тешка сообраќајка, информираат од АМСМ. Територијалната противпожарна единица на Кавадарци, претходно извести дека три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајната несреќа која утрово се случи на патот Кавадарци-Росоман. ТППЕ Кавадарци …

Повеќе »

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

Во четвртото тримесечје од 2023 година во споредба со третото тримесечје од 2023 година трошоците воградежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3,2 отсто, трошоците за материјали се пониски за 1,5 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 11,2  процента. Како што соопшти Државниот завод за …

Повеќе »

Ангелов на состанок на НАТО за креирање на националните политики за отпорност 

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов престојува во дводневна посета на Брисел, каде учествува на средбата во НАТО посветена на креирање на национална политика во делот на градењето отпорност.  Состанокот е во рамки на подготовките за Самитот на НАТО што во јули годинава ќе се одржи во …

Повеќе »

АЛКАЛОИД со раст на консолидираниот извоз од 17 %, инвестиции од 28,3 милиони евра и со 232 нови вработувања во земјава во периодот јануари – декември…

Приходи од продажби  Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2023 година продажбите достигнуваат 12.261.902.275 денари, што е за 16 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 16.512.977.886 денари, што е за 16 % повеќе во споредба со истиот …

Повеќе »

Велковски: Податоците покажуваат пет проценти условно кажано покачување на пензиите

Направена е пресметката за усогласувањето на пензиите, со кое ќе има статистичко покачување за пет проценти, информира денеска министерот за труд и социјална политика во техничката Влада Ѓоко Велковски. На новинарско прашање, Велковски рече дека податоците покажуваат пет проценти на, како што наведе, условно кажано покачувањето на пензиите.   -Добиени се …

Повеќе »

МОН: Од понеделник исплата на субвенциониран студентски оброк на неделно ниво

Наместо на дневна основа, од следниот понеделник паричните средства за субвенциониран студентски оброк ќе се исплаќаат одеднаш за шест дена во неделата. Ова е предвидено со последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, направени на барање на студентските организации и здруженија, а во насока на унапредување на решението за …

Повеќе »

Реакција на синдикатите на пет државни универзитети, бараат од Собранието потпишување на колективните договори

Синдикатите на пет државни универзитети – во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол Павле“-Охрид и „Мајка Тереза“-Скопје“ бараат најдоцна до 8 март со секој универзитет поединечно да биде потпишан колективен договор и прием кај премиеерот Талат Џафери за да му го образложат проблемот.  Откако почна примената на колективниот договор на Универзитетот …

Повеќе »

Џафери на Самитот за развој на Западен Балкан во Тирана

Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери од денеска е во работна посета на Тирана, Република Албанија. Џафери, како што соопшти владината прес – служба, ќе има обраќање на Регионалниот самит за развој на Западен Балкан, во чијшто фокус е Планот за раст на Западен Балкан усвоен од Европската комисија, а …

Повеќе »

Нова поштенска марка „Деца со ретки болести – Фенилкетонурија“

Од денеска излегува од печат поштенска марка „Деца со ретки болести – Фенилкетонурија (Phenylketonuria (PKU)“. Поштенската марка е со номинална вредност од 36. 00 денари и со прво печатење од 6. 000 примероци. Ќе биде промовирана на светскиот ден на Фенилкетонурија – 28 Јуни. Иницијативата е на претседателот на Здружението за …

Повеќе »