Breaking News

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување


Во четвртото тримесечје од 2023 година во споредба со третото тримесечје од 2023 година трошоците воградежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3,2 отсто, трошоците за материјали се пониски за 1,5 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 11,2  процента.


Како што соопшти Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2022 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 5,4 отсто, трошоците за материјали се пониски за 6,4 проценти и трошоците за вработените се повисоки за 29,8 отсто.


мч/са/фото: МИА архива .

Извор: МИА