Breaking News

Ангелов на состанок на НАТО за креирање на националните политики за отпорност 


Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов престојува во дводневна посета на Брисел, каде учествува на средбата во НАТО посветена на креирање на национална политика во делот на градењето отпорност.


 Состанокот е во рамки на подготовките за Самитот на НАТО што во јули годинава ќе се одржи во американскиот главен град Вашингтон, на која високо на агендата ќе биде и прашањето за отпорноста.


 Синоќа, Ангелов присуствуваше на работна вечера со негови колеги и со претставници на членките на НАТО и на Европската Унија, на која се разговараше за отпорноста на евроатлантската област и за еволуцијата на цивилната заштита.

сп/дма/Фото: ЦУК .


Извор: МИА