Breaking News

СВЕТ

Северна Кореја најави лансирање на сателит

– Северна Кореја ја извести Јапонија дека во периодот од 31 мај до 11 јуни ќе лансира сателит, а јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада изјави дека и наредил на армијата да го соборат сателитот доколку навлезе на јапонска територија. Во известувањето на Северна Кореја се истакнува дека лансирањето на …

Повеќе »

Поради голем шумски пожар прогласена вонредна состојба во канадскиот град Халифакс

– Властите во источниот канадски град Халифакс прогласија вонредна состојба откако пожар предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија, затворени се неколку училишта, а исто така е наредена и евакуација на жителите. Гаснењето на шумскиот пожар и на спасувачките служби е отежнато поради силните ветрови и сувите дрвја. Десетици домови …

Повеќе »

Пленковиќ најави стратешко партнерство меѓу Хрватска и Израел

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска најави развој на стратешко партнерство меѓу Хрватска и Израел на средбата со шефот на израелската дипломатија Ели Коен. Пленковиќ на средбата истакнал дека е задоволен од зајакнувањето на билатералните односи меѓу двете земји и нивното најавено стратешко партнерство, соопшти кабинетот на премиерот. Тема на средбата …

Повеќе »

Вон Крамон: Косовската влада „ризикува со маневрирањата на северот“

– Известувачката за Косово во Европскиот парламент (ЕП), Виола вон Крамон ги повика косовските власти да ги повлечат специјалните единици на полицијата од северот на земјата, населен со мнозинско српско население, и да седнат на преговарачка маса, јави МИА од Приштина. Вон Крамон рече дека единствен начин за решавање на …

Повеќе »

Грем: САД да помогне за ослободување на Украина од руските воени злосторници е добра инвестиција 

Руската пропагандна машина како и обично работи прекувремено, но за САД, помошта за ослободување на Украина од руските воени злосторници е добра инвестиција, изјави американскиот сенатор Линдзи Грем, откако руските власти распиша потерница по него поради тоа што наводно повикувал на смрт за Русите.  Грем, сенатор републиканец од Јужна Каролина, …

Повеќе »

Кина планира да испрати астронаути на Месечината пред 2030 година

Кина планира да испрати астронаути на Месечината пред 2030 година, што би претставувало уште еден чекор во она што сè повеќе наликува на нова вселенска трка. САД имаат за цел да испратат астронаути на површината на Месечината до крајот на 2025 година. Заменик директорот на кинеската вселенска агенција со екипаж …

Повеќе »

Токаев ја одби понудата на Лукашенко, Казахстан да стане дел од државната унија на Русија и Белорусија

– Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев денеска изјави дека ја одбил понудата на белорускиот претседател Александар Лукашенко, Казахстан да се приклучи на Државната унија на Русија и Белорусија. – Претседателот на Република Белорусија, Александар Григоревич Лукашенко понуди Казахстан да се приклучи на заедницата на држави. Ја ценам неговата шега. Мислам дека …

Повеќе »

По неуспехот на вчерашните избори, шпанскиот премиер Санчез најави предвремени парламентарни избори во јули

Премиерот на Шпанија Педро Санчез по резултатите од вчерашните регионални и локални избори најави дека ќе го распушти парламентот и на 23 јули во земјата ќе се одржат предвремени општи избори. – Одлуката ја донесов гледајќи ги резултатите од вчерашните избори, ѝ рече Санчез на нацијата во телевизиско обраќање. Санчез …

Повеќе »

Грчкиот Парламент одржа седница и избра претседател, а попладнево ќе се распушти

– Со широко мнозинство, односно со 270 гласа „за“ и 26 воздржани, пратеникот од Нова демократија Константинос Тасулас одново доби доверба од пратениците и беше реизбран за претседател на грчкиот Парламентот, меѓутоа во текот на денот се очекува Парламентот да се распушти во пресрет на изборите на 25 јуни, јави …

Повеќе »

Ѓилас: Почна падот на СНС, се намалува поддршката на народот за Вучиќ

„Нас не нè интересираат зборовите на Александар Вучиќ, нас нè интересираат неговите постапки. А, последица на тие постапки е она на што денес личи Србија“, изјави лидерот на Странката за слобода и правда, Драган Ѓилас, јави дописникот на МИА од Белград. Ѓилас за ТВ Н1 го повтори ставот на опозицијата …

Повеќе »