Грем: САД да помогне за ослободување на Украина од руските воени злосторници е добра инвестиција 


Руската пропагандна машина како и обично работи прекувремено, но за САД, помошта за ослободување на Украина од руските воени злосторници е добра инвестиција, изјави американскиот сенатор Линдзи Грем, откако руските власти распиша потерница по него поради тоа што наводно повикувал на смрт за Русите.


 Грем, сенатор републиканец од Јужна Каролина, се наоѓа во посета на Киев. Синоќа, на социјалните мрежи се појави видео од неговата средба соукраинскиот претседател Володомир Зеленски.


На видеото Грем вели „слобода или смрт“, на што Зеленски одговара дека „сега вие сте слободни, и ние ќе бидеме слободни“.

Потоа Ггрем вели, „а Русите умираат“, после тоа снимката е залепена со друг кадар во кој сенаторот вели  „тоа се најдобро потрошени пари“.


 Низа американски медиуми повикувајќи се на кабинетот на Зеленски подоцна ја прикажаа целата снимка од средбата при што се гледа дека таа била монтирана и сенаторот не повикува на смрт на Русите.

 Како што се пренесува, во одговор на репликата на Грем дека Русите умираат, Зеленски прецизира, „да, но тие дојдоа на наша територија. Ние не војуваме на нивна територија“.


кб/ссм/фото: Јутјуб принтскрин .

Извор: МИА