СВЕТ

НАТО не гледа промена во нуклеарниот став на Русија по изјавите на Лукашенко

– НАТО не гледа никакви индикации дека Русија о сменила својот нуклеарен став по изјавите на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, дека неговата земја добила нуклеарно оружје од Москва, кое не се плаши да го употреби, соопшти денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. Лукашенко завчера рече дека нема да …

Повеќе »

Данскиот министер за одбрана Поулсен ги претстави плановите за обука на украински пилоти

Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен ги презентираше плановите за можна обука на украински пилоти за борбени авиони, пред состанокот во Брисел за координирање на воената поддршка за Киев. „Обуката треба да се одржи во базата Скридструп во Јитланд, каде се сместени данските авиони Ф-16“, рече Поулсен според данската …

Повеќе »

Судот на ЕУ ја отфрли тужбата на британски граѓани за губење на права по Брегзит

– Судот на правдата на Европската унија денеска ја отфрли тужбата на британски граѓани поради губење на нивните права како европски граѓани по Брегзит. За многу Британци кои живеат и работат во Европската унија, животот стана покомплициран по одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ, вклучително и кога станува …

Повеќе »

Кафеавата мечка по подолг период за првпат е документирана во природен парк во Албанија

– Кафеава мечка (Ursus arctos) по подолг период за првпат е документирана од чуварите на животната средина на Националната агенцијата за заштитени подрачја на Албанија и тоа во природниот парк „Планина со дупки-Бизе-Мартанеш“. Според Агенцијата мораториумот на забрана за лов довело до зголемување на дивиот свет во текот на изминатите …

Повеќе »

Вучиќ: Курти сам призна дека ги прекршиле нормите на меѓународното право, Пирц: Дијалог, дијалог, само дијалог

– Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар на прес-конференцијата, зборувајќи за апсењето на припадниците на косовската полиција повтори дека никогаш не се случило припадници на српската војска или полиција да ја преминале административната граница со Косово, јави дописникот на МИА од Белград. – Ако …

Повеќе »

Кинескиот премиер ќе ги посети Франција и Германија

Кинескиот премиер Ли Кианг ќе ги посети Германија и Франција од 18 до 23 јуни, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи. Тоа е прво патување на Ли во странство откако ја презеде функцијата во март.  Кинескиот премиер „ќе оствари официјална посета на Германија, каде ќе ја одржи седмата рунда …

Повеќе »

Британски комитет одлучи дека Борис Џонсон намерно го довел во заблуда Парламентот за „ковид-забавите“

Комитетот за привилегии при Долниот дом одлучи дека поранешниот британски премиер Борис Џонсон треба да биде суспендиран од пратеничката функција на 90 дена поради тоа што намерно го завел Парламентот за забавите што ги приредувал за време на пандемијата. Комисијата објави дека Џонсон намерно го довел во заблуда Долниот дом …

Повеќе »

Њујорк тајмс: Покрај војната во Украина, САД се уште плаќаат на Русија милијарди долари за нуклеарно гориво 

Збогатениот ураниум што американските атомски централи го купуваат од Русија по цена од околу една милијарда долари годишно е единствениот значаен редовен прилив на пари од САД во Русија откако започна војната во Украина. Овој прилив продолжува и покрај огромните напори на сојузниците да ги раскинат економските врски со Москва, …

Повеќе »

Бегај: Последниот е сериозен провокативен чин кој има за цел да го дестабилизира не само Косово, туку и целиот регион

– Албанскиот претседател Бајрам Бегај укажа на опасноста од регионална дестабилизација по апсењето на тројцата косовски полицајци, за кои Приштина тврди дека биле киднапирани од српските сили во близина на границата со Србија. Бегај ова го оцени како сериозен провокативен настан кој има за цел да го дестабилизира не само …

Повеќе »

Состојбата на Косово засега мирна, но затегната

– Во северно Косово полицијата сè уште е во објектите на локалната самоуправа, што се надгледувани од војници на КФОР. Граѓаните и денеска мирно протестираат околу нив додека на премините Мердаре и Јариње нема забрана за премин на патнички автомобили, а влезот на камионите што превезуваат српска стока е прекинат. …

Повеќе »